Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 април 2013
Општинската изборна комисија за Велес ги соопшти официјалните но не и конечни резултати за вториот круг од локалните избори за градоначалник. Победи кандидатот Славчо Чадиев на коалицијата ,,За подобра Македонија,, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 18.059 гласа или 54,41 отсто од гласовите.
Кандидатот Аце Коцевски на опозициониот ,,Сојуз за иднината,, од редовите на СДСМ освои 14.407 гласа или 43,41 отсто. Во вториот круг излегле 33.191 гласач што е одѕив од 71,75 отсто а во гласачките кутии имаше 725 неважечко ливче. Во првиот круг имаше 71,01 отсто излезност и 994 неважечки ливчиња. Во првиот круг веќе е познато дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 12 советнички места, додека на СДСМ 11 места.
Tweet |